Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, се позанимавала со проблем со кој се соочуваат голем број луѓе.
Модерното време и брзиот начин на живот носат проблеми со кои многумина тешко излегуваат на крај. Како да станете поуспешни и да живеете живот без стрес, одговорот го има токму Мишел.
Со помош на ментални вежби можете да постигнете хармонија во животот. Во продожение, ви претставуваме 10 техники кои се наоѓаат во нејзината книга и за кои многумина велат дека се делотворни.
Целта е да разјасниме кои сме и кои се нашите приоритети. Кога ќе одговорите на овие прашања, сè станува многу полесно.
1. Опишете го моментот во кој сте биле најгорди на себеси. Направете го тоа што е можно подетално.
2. Листа на желби и неостварени соништа – наведете 10 работи кои сакате да ги постигнете. До секоја ставка напишете и како ќе го остварите тоа.
3. Кои се најважните лекции кои ги научивте во детството?
4. Наведете една личност за која сметате дека е многу среќа и образложете зошто мислите дека тоа е точно.
5. Напишете една борба, еден пораз и еден успех со кој сте се соочиле. Што сте научиле од секој од нив?
6. Размислете за најголемата борба која сте ја имале во животот и дали сте научиле нешто од тоа.
7. Наведете 10 позитивни особини за себе. Погледнете го тој список секој пат кога ќе се посомневате во себеси.
8. Напишете 5 мали победи кои сте ги оствариле оваа недела.
9. Наведете 10 важни социјални проблеми за кои верувате дека мора да се решат.
10. За што или кому сте му благодарни во животот?
Кога ќе ги одговорите овие прашања, ќе сфатите колку тие всушност се делотворни и колку е добро да продрете во длабочината на вашата психа. Овие вежби носат добри чувства и мотивациски набој за совладување на сите препреки.
Денешниот брз начин на живот ретко нѝ дозволува да застанеме и да погледнете до каде сме стигнале и да ги согледаме сите можности кои нѝ се пружаат. За да тргнеме напред, освртот кон остварените работи е задолжителен, а овој тест е одличен за тоа.