Меркел: Македонија се надеваме годинава да ги започне преговорите, Албанија ќе почека

463

Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на видео-конференција со парламентарците од европскиот континент.

„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Македонија“, рече Меркел и додаде: „Албанија направи голем напредок, но особено е во прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете“.

Таа се надева дека Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро“, рече канцеларката.