Меркел заминала од чело на партијата со овации: Ви благодарам, знам дека ви ги кинев нервите!

926

Германската канцеларка Ангела Меркел во последниот говор како претседателка на CDU, се простила со емотивен говор во кој рекла дека и било чест што имала можност 18 години да биде на водечката функција во партијата.

“Имам чувство на благодарност, ми беше голема чест. Сега е време да отвориме ново поглавје”, рекла таа.

По прошталниот говор Меркел била поздравена со 10-минутен аплауз, а некои далегати носеле транспаренти “Благодариме шефице”.

Во своето обраќање Меркел зборувала и за се посилната десница “AFD”, велејќи дека тоа што ги карактеризира демохристијаните е дека се разликуваат од другите, но никогаш никого не изпоштуваат.

“Ние демохристијаните понекогаш се караме, но никогаш не сееме омраза против другите и не понижуваме други луѓе”, нагласила таа додавајќи дека CDU секогаш им служи на граѓаните на Германија.

По повод лошите резултати во истражувањата, Меркел апелирала до партиските колеги да покажат што знаат.

“Нашата CDU денес е поразлична од таа од 2000-та година и тоа е добро. CDU во 2018-та има право да гледа во иднината со нови “глави”, структури, но со истите вредности кои ги застапува”, рекла Меркел.

Таа, воедно, ги бранела сите мерки кои ги преземала за време на водењето на партијата, укажувајќи на укинувањето на воените обврски и воведувањето на социјалната помош Hartz IV. Според нејзините зборови Hartz IV бил вистинскиот одговор за 5 милиони невработени.

“Ја поддржавме вистинската реформа”, нагласила Меркел.

Кога станува збор за укинување на воените обврски, истакнала дека се работи за исправен чекор, кој е јасен одговор на променетата меѓународна безбедносна состојба.

Исто така зборувала и за својот воздржан стил на водење, објаснувајќи дека, таму каде што партијата очекувала остар одговор, повеќе сакала да молчи.

“Знам дека со тоа ги тестирав вашите нерви”, рекла Меркел и оценила дека советот на партијата е шанса за поставување на насоки за помоќна CDU.

Потсетила дека во Германија во последните 70 години CDU/CSU била на власт 50 години, и дека има намера да продолжи да води грижа за земјата.

“Ние имаме сила да победуваме на избори ако одлучно и единствено водиме борба”, рекла таа.

Меѓутоа, ги критикувала расправиите меѓу CDU и колициониот партнер CSU.

“Каде не водат постојаните расправии почувствуваа и CDU и CSU”, рекла Меркел.