Прочитајте што ви носи хороскопот за јуни.
Работа
На работното место важно е да се занимавате со редовните задачи и да не го наметнувате своето мислење на другите луѓе. Среќата ќе ве следи овој период, па успехот е неизбежен за вас. Ако треба да внесете промени во работењето, внесувајте ги полека и чекор по чекор. Но, не слушајте совети од секого, туку добро проверувајте ги сите информации.
На 11 јуни, Меркур влегува во храбриот Лав и ви носи самодоверба и сигурност како никогаш досега. Ќе бидете харизматични, неодоливи, но и храбри во своите потези. Побарајте го тоа што ви е важно, особено кога станува збор за покачување на платата, унапредување или некаква награда на работното место.
На 20 јуни, Јупитер го почнува своето ретроградно движење а тука може да дојде до откривање на многу тајни на професионално поле. Бидете внимателни кому се доверувате и дури и да се расипат некои односи на работното место, сфатете дека тоа е за ваше добро. Но, на 22 јуни Меркур се навраќа на своето директно движење, па комуникацијата ќе оди полесно и повеќе ќе се разбирате со луѓето околу вас.
На 24 јуни доаѓа полната Месечина во Јарец која ви носи кулминација на некој проект на кој вредно сте работеле,а тоа значи и награда од надредените.
Љубов
Овните кои се во врска ќе минуваат низ специфичен период и ќе треба да се внимателни како се поставуваат со саканата личност. Не носете никакви значајни одлуки во текот на јуни, а потрудете се да бидете подготвени на компромиси. Крајот на месецот ќе ви донесе хармонија и блискост.
Слободните Овни ќе значат со магнетизам и голема е шансата да започнат романтична врска во текот на јуни.
На крајот на мај со ретроградниот Меркур си донесовте одлука да се смирите и да одите чекор по чекор со сите активности. Решивте дека е време за мала пауза од социјалните мрежи и технологијата поради сите пораки од бившите љубови кои не ги сакате во сегашноста. Но, на 2 јуни слатката Венера влегува во Рак и ви носи можност да одморите и да ги средите своите приоритети, да утврдите што сакате и конечно да се отворите кон оние кон кои имате симпатии.
Ова е период кога ќе бидете во центарот на вниманието, без оглед на тоа дали станува збор за излегување или пак само вашиот имиџ на социјалните мрежи. На 10 јуни ни доаѓа соларна еклипса во Близнаци која можно е да донесе мала драма во вашиот љубовен живот, а со оглед на тоа дека Меркур е уште во своето ретроградно движење можни се и конфликти на ова поле.
На 20 јуни почнува и сезоната на Раковите, а тогаш ќе бидете почувствителни и ранливи, но и подготвени да заборавите на некои луѓе од минатото. Направете простор за нови луѓе, свежа енергија и дружете се со оние кои ви носат убава енергија. Целиот јуни ќе ви донесе награди, но само ако го оставите минатото зад себе.
Главната порака е да уживате во сегашниот момент не размислувајќи за ништо друго.
Здравје
Здравјето е одлично.