Лионел Меси ги обвини организаторите и судиите на Копа Америка за корпуција, за време на неговата изјава после дуелот за трето место помеѓу Аргентина и Чиле.
Меси одби да го земе медалот за трето место затоа што смета дека е наместено бразилската репрезентација да го освои турнирот. Меси, кој заработи директен црвен картон после еден дуел со Гери Медел, нагласи дека на полуфиналниот дуел на „Гаучсите“ против Бразил судиите ги фаворизирале домаќините.
После ваквите коментари, шпанските медиуми пренесуваат дека капитенот на аргентинската репрезентација би можел да заработи жестока казна – забрана за настап во дресот на репрезентацијата во идните две години.
Тоа би значело дека нема да може да настапи на Копа Америка следната година, како и на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022-ра година.