Лионел Меси ги кажа првите зборови како член на Пари Сен Жермен. 34-годишникот е подготвен за нова етапа во кариерата, која цели 20 години ја градеше во дресот на Барселона.
„Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје во кариерата во Париз. Клубот и неговата визија се совршен предизвик за моите амбиции. Сакам да изградам нешто одлично за клубот и навивачите. Едвај чекам да заиграм на теренот на „Паркот на принцовите“ во Париз“, рече аргентинскиот фудбалер.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата требаше да стави потпис на нов петгодишен договор со каталонскиот гигант. Меѓутоа во последен момент Примера се испречи и го натера да се пресели во друга лига.
Дебито на Меси се очекува в недела кога ПСЖ ќе го пречека Стразбур.