Лионел Меси синоќа повторно ја воодушеви светската јавност со својот гол од слободен удар, на мечот против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Со тоа уште еднаш потврди дека е најдобар и во овој сегмент во светот во моментов, далеку пред својот вечен ривал Кристијано Роналдо. За Меси ова беше четврти гол од слободен удар во 2019 година, еден повеќе отколку Португалецот во последните 960 дена.
Последниот гол од слободен удар Роналдо го постигна во декември 2017 година, во финалето од Светското клупско првенство против Гремио. Претходно, треба да се оди до 14 септември 2016 година и дуелот со Спортинг во Лигата на шампионите, а уште го чека првиот гол од слободен удар во дресот на Ливерпул.
Од последниот гол на Роналдо, Меси има дури 15 гола од слободен удар и со вакво темпо, ѕвездата на Јуве никогаш нема да го стигне најдобриот фудбалер на сите времиња.