Македонци во Канбера правеле свадба, а кога соседите повикале полиција поради гласната музика, гостите на орото ги фатиле и полициските службеници кои дошле да ги опоменат.
Видео од несекојдневната случка на која полицајците и свадбарите заедно вијат оро, објави „Сиднеј Маседониан“:
На крај од видеото полицајците со ракоплескање си заминуваат.
Во Австралија по карантинот и ригорозните мерки за заштита од вирусот, периодов се олеснети рестрикциите. Дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот.