Метео анализа – какво време не очекува за викендот?

897

Во сабота не очекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура: 5°C до 9°C, Максимална температура: 12°C до 18°C.

Во недела облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава. Минимална температура: 5°C до 9°C, Максимална температура: 10°C до 16°C.