Миа Костова ја победи короната, па излезе на улица во полн сјај (фото)

522

Миа Костова по 20 дневна домашна изолација и соодветна терапија успеа да го победи злото на денешницата – коронавирусот.

Изминатиот период Миа наместо социјална, имаше само виртуална комуникација, најчесто преку социјалната мрежа Инстаграм. Во своите обраќања и видео снимки пред бројните следбеници Миа зборуваше за симптомите, она што првично го почувствувала, терапијата, психолошката стабилност…

Но сега короната е зад неа, па по речиси еден месец затворенички живот, таа се дотера во нова есенска комбинација и зачекори низ скопските улици.

-По 20 дена дневна соба, чувството на допир со сонце и улици е како боите на сликава.
Само едно огромно благодарам до сите што бевте тука и сите соработници кои во оваа кратка пауза се грижеа само да сум добра. Помина. Ве сакам, напиша Миа.

Една победа и сега што повеќе заштита и претпазливост од вирусот да не се повтори бидејќи не се откажува од еднаш.