Мицкоски го исклучи вториот човек на партијата, Митко Јанчев

3520

Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, на вечерашниот Централен Комитет на партијата, бил разрешен од сите партиски функции, информира Телма телевизија.

Според информации на Телма од партиски извори, исто така има разрешување и за Костадин Богданов. Тој не е присутен на седницата на ЦК.

Се очекува подоцна вечерва да има официјални информации за вечерашните одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.