Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, откако прогласи победа во првиот круг на изборите, во првиот ден се огласи од факултет каде денеска држеше предавања по предметот Механика 2.
– Почнува неделата со предавања, Механика 2.
Свој на своето, да го пренесеме знаењето, но и да ги задржиме децата дома! Вистински предизвик е да се работи со младите, затоа што тие се нашата иднина, напиша Мицкоски.