Мицкоски: Пораките од Бугарија се типични за средниот век, ние нема да виткаме кичма и да коленичиме

395

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворање на училиште во Драчево, зборуваше за прашањето за Бугарија и коментарите на Борисов и на Радев.

Радев кажа дека „паднаа маските, власта во Скопје се плажи да препознае Бугарин и бугарско.

„Жалам што од страна на источниот сосед доаѓаат вакви пораки. Јас мислам дека ваквите пораки се дел од средниот век, но во современа Европа во 21 век постоеле вакви политичари како Радев. Јас сум подготвен да седнам и со едниот и со другиот. Му посакувам на Борисов да ја формира владата, затоа што доаѓаме од Европската народна партија. Но, исто така источниот сосед треба да знае дека поминаа времињата на политичари кои виткаа кичма и коленичаа, и потпишуваа се што им беше ставено на маса, а во исто време со европско знаме го ограбуваа народот. Треба да се навикнат на политичари кои работат деноноќно, и политичари кои немаат намера да виткаат кичма, немаат намера да потпишуваат се и сешто, туку политичари кои се подготвени да разговараат врз основа на документи и факти. Сум за тоа да се градат односи и мостови со соседите, и да се почитуваме. Не можеме да бидеме добри соседи ако немаме почитување“, рече Мицкоски.