Мицкоски во посета на Турција, со Ердоган ќе потпишат основање на Совет за соработка на високо ниво

121

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција.

Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.

Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.