Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во ТВ Сител, во врска со заканите од член на ДУИ за војна, истакна дека оваа партија живее во минатото,и наместо реформирани зелени политики се служат со ваква реторика, додека пак СДСМ и Заев воопшто и не ги ни осудија ваквите закани, а партиските нивни соопштенија се полни со навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и него лично.
-Таков тип на закани воопшто не би коментирал, освен со згрозување да ги прочитам и да ги заборавам, посебно не би сакал нејзе да ја коментирам затоа што е дама и доаѓа од спротивниот пол имајќи во предвид дека сум човек кој ги почитува жените, а се оквалификувам како човек кој на ваков тип на закани не реагира пријатно, односно таквите создаваат спротивна реакција, така што не би сакал да коментирам нешто кое не враќа назад во минатото, ова се луѓе кои се заглавени во минатото такви им беа и пораките од кампањата, критикуваше Мицкоски.