Српскиот стратег целосно закрепна, но и натаму е во групата со висок ризик поради неговата неодамнешна историја со сериозната болест.
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ има коронавирус, оваа информација ја потврдија италијанските медиуми. Ова е потенцијално многу сериозна ситуација, бидејќи тој е во групата со висок ризик.
Потсетување дека во јули 2019 година му беше дијагностицирана леукемија, по што во неколку фази беше подложен на хемотерапија и трансплантација на коскена срж.
Михајловиќ целосно закрепна, но и натаму е во групата со висок ризик поради неговата неодамнешна историја со сериозната болест. Од италијанскиот клуб соопштуваат дека српскиот стратег добро се чувствува и наредните 14 дена ќе ги помине во изолација.
Уште два клуба потврдија имаат позитивни случаи на Ковид-19, во редовите на калчолигашот Фиорентина има двајца играчи, Ерик Пулгар и Симоне Гидоти. Во второлигашот СПАЛ тројца играчи се позитивни, сите се асимптоматски, имињата не се објавени, но е потврдено дека се наоѓаат во карантин.
Објавивме во текот на вчерашниот дека претставникот на лекарската комисија во Фудбалската федерација на Италија изрази загриженост за евентуално одложување на стартот во Серија А.