Дисциплинската комисија во италијанска Серија А денес донесе одлука во врска со суспензиите на играчите од италијанското првенство.
Така суспензиите на Франк Кеси и Тимуе Бакајоко се потврдени, што значи дека екипата на Милан ќе се соочи со големи проблеми на дуелот против Фиорентина.
Бакајоко на дуелот против Болоња доби црвен картон и суспензија од еден натпревар, додека Кеси го доби својот петти жолт картон оваа сезона, што значи дека исто така ќе го пропушти следниот натпревар на „Росоњерите“.
Тоа значи дека Милан ќе остане без целиот среден ред, кога на суспензиите на Кеси и Бакајоко ќе им се додадат и повредите на Лукас Биља и Џакомо Бонавентура.