Милан Поповиќ поднел пријава против сопругот на Северина: „Игор пред детето ми се закануваше и ме навредуваше„

773

Сигурно е дека Милан Поповиќ (54) ќе поднесе пријава против Игор Којиќ (32), по вербалениот инцидент во четвртокот, 28-ми ноември.

Поточно, Игор заедно со Северина дошол во куќата на Милан за да го предаде детето на неговиот татко, синот Александар (7), а на прашањето дали е вистина дека Игор го навредувал и му се заканувал, Поповиќ за српските медиуми вели:

Да, точно е и јас имам намера да барам заштита од вакво дивјачко однесување, особено затоа што се се случуваше пред детето, изјави Милан за српски „Телеграф“.

Милан потсети дека со Северина со години не разговара, дури ни пред синот.

Во интерес на детето е родителите да комуницираат. Ако ги следите советите на експертот, таа минимална комуникација на разведените родители при примопредавањето е најголема среќа за децата чии родители се разведени. И, секако ќе охрабрувам и ќе се обидам да ја воспоставам барем таа минимална комуникација кога ние, како двајцата родители, сме во тој момент покрај нашето дете. На Северина и останува да го прифати или да не го прифати, досега тоа не го прифати и се надевам дека ќе се промени наскоро затоа што тоа ќе го израдува нашето дете, изјави Милан за „Блиц“.