Изгледа дека Милан се предомисли за Ибрахимовиќ, сега нивните погледи се насочени кој Англија од каде би можеле да добијат напаѓач.
Златан Ибрахимовиќ е се подалеку од Милан. Проблем се две работи, провизијата на Мино Раиола која е преголема за Милан, или така барем смета новиот шеф Газидис, но и во физичката подготовка на Ибра. Италија е многу потеша лига од МЛС, а се чини дека тој не тренираше баш најсериозно во САД, па поради тоа Леонардо се сомнева дали да го доведе.
Наместо тоа, тој и понатамусе обидува да најде начин без обештетување да го врати Пато од Кина и да го донесе во Милан, а две опции има и во Ливерпул. Херојот од „Мерсисајд дербито“ Дивок Ориги или Даниел Стариџ би можеле да дојдат на позајмица.
Се споменува и Евертон, бразилскиот напаѓач од Гремио кој би дошол на позајмица со право на откуп.
Што се однесува до Фабрегас, тој бара пет милиони евра по сезона и договор на две и пол години. Неговата желба е да се обезбеди, Челзи нема да му даде договор на повеќе од една година, па сега доаѓањето во Серија А е реална опција.
Ова се некои од комбинациите кои би можеле да се случат во јануари, се чека и решението околу стоперската позиција, но ќе зависи и од одлуката на УЕФА околу казната за прекршувањето на финансискиот фер-плеј која веројатно ќе биде поблага, што Милан ќе го одврати од нова арбитража во Лозана.