Милан се засилува со француски репрезентативец

592

Милан е пред реализација на голем трансфер. Во прашање е играчот од средниот ред на Монако и француски репрезентативец, Јусуф Фофана. Неофицијално, само е прашање на време кога Фофана ќе биде претставен од страна на италијанскиот гигант.

Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, играчот и клубот се договориле за сите точки од договорот. Сега останува само двата клуба да постигнат договор околу најважната работа помеѓу нив, висината на обештетувањето. Првите информации кој стигнаа од “кнежевството” беа дека тимот имаше намера францускиот репрезентативец да го продаде во Англија. Иако се надеваа на богата понуда од премиерлигашки тим, Монако нема многу простор за размислување. Договорот на играчот истекува следното лето и речиси е невозможно од некого да ги добие посакуваните 25 милиони евра.

Јусуф Фофана е 25-годишен играч а во Монако пристигна од тимот на Стразбур во 2020 година. Во дресот на Монако има одиграно 143 натпревари и постигнато шест погодоци. “Росонерите” со него во составот сериозно би го засилиле средниот ред.

Димитар Младеновски