Милан триумфален во градското дерби (ВИДЕО)

456

Милан конечно има причина за радост.

Петото коло во Сериа А ни го донесе и првото градско дерби сезонава. Во т.н. “Дерби дела Мадонина” кое важи за најважниот двобој во сезоната, “росоњерите” успеаа да го победат Интер со 2:1. Оваа победа има посебна важност доколку се има во предвид дека доаѓа по шест последователни порази од претходниот период.

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека беше под сериозен притисок по слабиот старт на сезоната. Кристијан Пулишич во 10-та минута донесе водство за “црвено/црните” по што следуваше одговор на спротивната страна кога 17 минути подоцна Федерико ДиМарко го израмни резултатот. Драмата траеше до самиот крај на натпреварот кога во 88-та минута Матео Габија донесе водство од 2:1 со што беше поставен и конечниот резултат на дербито.

Димитар Младеновски