Летната сезона и летните одмори веќе завршија, иако оваа година не беа како порано, кој можеше искористи да замине некаде на одмор и да ги наполни батериите.
Веќе е крајот на месец септември, а со тоа и есента е во полн ек, па наместо сонце се повеќе се зачестени дождови и врнежи, а летната гардероба ја заменуваме со есенска.
Македонската водителка Милена Антовска поради коронавирусот често беше на терен и ги известуваше гледачите за најновите случувања.
Кога не е пред ТВ екраните, Антовска најчесто своето време го поминува со своето семејство, односно ќеркичката Лана Марија и сопругот.
Малата Лана Марија е во период кога како и секое дете ги имитира и сака да биде како родителите, а во случајот ќеркичката на водителката се облече во сличен стајлинг како Милена.
Така, на Фејсбук кај Антовска се најде објава на која мајката и ќерката имаат ист стајлинг.
Имено, Антовска е облечена во фармерки, мајца и црно есенско палто во комбинација со кратки чизми, а таков стајлинг има нејзината ќерка.
Под објавата се најдоа позитивни коментари односно фејсбук пријателите искоментираа дека се убавици.
Инаку, Лана Марија неодамна наполни три години.