Миленикот на жените во неверојатна трансформација – секоја чест за тој кој ќе го препознае

876

Џаред Лето ја толкува улогата на Паоло Гучи, во филмот „House of Gucci“, а поради тоа направил голема трансформација на својот изглед.

Актерот и фронтмен на популарниот бенд „30 Seconds To Mars“, Џаред Лето (49) познат е по својата долга коса и брада, а тоа исчезнало поради неговата трансформација за улогата.

Миленикот на жените кој што најмногу е запомент по улогата на Џокер, ретко кој би го препознал во вакво издание во какво што бил забележан во Милано на сетот на филмот „House of Gucci“.

Во виолетово одело искомбинирано со мокасинки, ќелав со дебело лице, совршено се трансформирал во ликот на Паоло Гучи, во време на неговите 60-ти години од животот.

Инаку, Паоло бил потпретседател и директор на компанијата „Gucci“ една година пред неговиот вујко Родолфо Гучи да се повлече од семејниот бизнис во 1978 година поради тоа што насила сакал да ја помине модернизацијата. Тој починал во 1995 година од хроничен хепатититс на 64-годишна возраст.

За Џаред драстичните трансформации не се непознати. Во филмот „Dallas Buyers Club“, се транформирал во трансродна жена Рајан, а внимание во јавноста го привлекол и како Џокер во „Suicide Squad“, филмот од 2016 одина.

Таа улога ја репризираше во филмот „Justice League: The Snyder Cut“.

Лето и сам се пофалил дека престојувал во Италија, па споделил фотографија од сетот од хотелот во Рим.

„Поздрав од Рим. Благодарен сум и возбуден поради враќањето на сет оваа седмица. Се надевам дека сите сте на сигурно и здрави“, нагласил актерот.

Инаку, во биогравскиот филм „House of Gucci“, ќе глумат и Лејди Гага, но и Адам Драјвер.