Милионерот од Велика Британија чија што ќерка на авион за Ница пред неговите очи починала од алергиска реакција, раскажа за време на неговото сведочење пред судот како изгледала агонијата додека ја губел својата ќерка Наташа.
Надим Еднан-Лаперус, инаку основач на позната фабрика за играчки, раскажува дека неговата ќерка се пожалила на болки во грлото три минути подоцна откако изела сендвич.
„Ми рече дека ѝ е лошо и да не го јадам сендвичот, затоа што ѝ беше уште полошо од мирисот на туната. Потоа замина во тоалет. Околу половина час откако полетавме, ми рече дека ѝ станува се полошо“, раскажува тој.
BBC News – Pret baguette inquest: Plea for help after allergic reaction https://t.co/9nqDXv44iO Completely preventable tragedy! Shame on all those involved for inadequate labelling that resulted in this poor girl's death.
— Ruth Thompson (@RthompsonRuth) September 24, 2018
Кога Наташа му го покажала стомакот, веќе можело да се види црвенилото кое што настанало од алергиската реакција, па паниката почнала да расте. Заминале заедно во тоалетот каде што Наташа примила адреналинска инјекција, меѓутоа ниту првата, ниту втората доза немале никаков ефект.
„Ми рече дека не може да дише. Гледаше во мене очекувајќи дека ќе ја спасам. Ми рече „Тато, помогни ми, не можам да дишам“. Дишеше многу тешко. Веднаш ги повикав луѓето од екипажот да ѝ дадат кислород и маска“, продолжи со сведочењето Надим.
Прва помош ѝ пружил млад доктор кој што бил во авионот и еден човек од екипажот, откако ја спуштиле Наташа на подот затоа што не можела да стои на нозе. Борбата да ја спасат траела цели 50 минути до крајот на летот. Обидите за реанимација продолжиле и по слетувањето во Франција, но тинејџерката за жал починала во болница.
Nadim Ednan-Laperouse says “My world has come to an end”. His statement is being read out at the inquest into his daughters death. Natasha died 2 yrs ago, it’s claimed, after suffering a severe allergic reaction to a Pret a Manger baguette.Her mother and brother are also in court pic.twitter.com/tvG8ewlR7y
— AmyLewisITV (@AmyLewisITV) September 24, 2018
„Ѝ велев дека се ќе биде во ред, но мојата Наташа беше без свест“, раскажува тој и открива дека најтешко му било кога ѝ се јавил на нејзината мајка и брат за да ја слушнат за последен пат.
„Тој повик беше најлошата работа во мојот живот. Болката и агонијата се поголеми од се за што знам“, изјави тој.
За време на истрагата тој открил дека заедно со Наташа го провериле сендвичот пред таа да го изеде. Девојката била алергична на сусам, банани и ореви, но тие состојки не биле како дел од содржината на сендвичот, туку дел од нив биле дел од самото тесто.