„Милионот од првата плата го потрошив за еден час“: Легендарниот кошаркар откри дека од банката го предупредиле на „пропаст“

608

Уште во негово време најголемите НБА ѕвезди заработувале огромни пари, а Шекил О’Нил бил меѓу нив.

Популарниот Шек почувствувал како од нула до милион може да се дојде преку кошаркарската топка, но и брзо да ги потроши тие пари, повторно до нула.

Центарот зборувал како и на што ја потрошил првата плата, а од неа „заминал“ и првиот милион.

„Потрошив еден милион долари од првата плата за само еден час. Човекот од банката ме предупреди да не трошам толку многу затоа што не го пресметав данокот и таквите слични работи“, изјаил О’Нил чие богатство денеска се проценува на околу 400 милиони евра.

Првото нешто кое што се прашуваат сите е на што потрошил толку пари славниот кошаркар – одговорот е јасен:

„По потписот купив неколку луксузни автомобили, накит, сè купував… Трошев толку многу што од банката ми се јавија и ми кажаа дека тоа ќе ме уништи, доколку продолжам да трошам толку пари“, изјавил О’Нил во емисијата „Shark Tank“.