Ракометарите на Вардар повторно испишаа историја и по две години пак ја направија горда нацијата.
Иако се сметаа за тим со најмалку шанси за големиот трофеј, вардарци уште еднаш покажаа карактер и по вторпат ја освоија титулата во Лигата на шампионите. А, како да не ја освојат, кога на голот имаат двајца неверојатни голмани. Токму Дејан Милосављев и Калифа Гедбан имаат три од петте најдобри одбрани на турнирот во Келн, а покрај нив место имаше уште за Гонзало Де Варгас и Арпад Штербик.
Погледнете ги најатрактивните одбрани во Келн.