Милосављев: Никогаш не сум видел народ со толку големо срце како македонскиот (ВИДЕО)

1242

Фуксе Берлин од следната сезона ќе има европски првак на голот. Дејан Милосављев беше генијална идеја на Дејан Периќ и човек кој ги надмина сите очекувања.

Неговиот напредок во текот на сезоната беше неверојатен, а емотивниот поранешен голман на Партизан на бината пред десетици илјади фанови пак емотивно се отвори и ги поздрави поддржувачите.

„Добровечер за народот со најголемо срце што некогаш сум видел. Овие момци се нешто посебно. Игравме за вас до „коска“, пуштивме крв и покажавме дека вашата поддршка ќе ја вратиме. Да живее Вардар, да живеат Македонците“, „згрми“ српскиот голман.

  • Погледнете ја изјавата на Дејан Милосављев: 

Никогаш помлад голман не оставил ваква трага во една сезона од 22-годишниот изданок на школата Југович од Кач.