Милошоски објави фотографии на кои се гледа врз која основа Јанева добила боледување

593

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку Фејсбук сподели фотографии на кои се гледа, како што вели тој, причината односно дијагнозата поради која специјалната обвинителка Катица Јанева е на боледување.

Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:

– Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.Јули до 15.Август 2019 година.

– Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење!

Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси – напиша Милошоски на Фејсбук.