Јуни останува како црн месец според бројката на починати од Ковид 19. До денешниот последен ден од овој месец во јуни починале 165 луѓе од опасниот вирус.
Во март, април и мај починале 134 луѓе во март 10, април 68 и мај 56. Според докторите причини за оваа бројка е зголемениот број на болни не пријавувањето на време на контактите и доцното пријавување на инфекцијата.
Македонија во регионот станува лидер на починати во однос на родени не само со починати од Ковид 19. Според Заводот за статистика минатата година во земјава имало повеќе починати отколку родени. 20.446 починале, 10 илјади од починатите биле од кардиоваскуларни заболувања. 19.845 е бројката на новородени во 2019 година.
Минатата година од јануари до јуни починале 9.249, а оваа година до јуни починале 6.510 што е скоро за 30 проценти помалку. По месеци минатата година и оваа година најмногу починале во јануари. 2 027 минатиот јануари и 1355 овој јануари.
Според бројките на статистика 12.831 од починатите биле од градовите. Според заводот за статистика најцрна година била 2015 година кога починаа 20 461 граѓанин.