Демонстрантите се судриле со полицијата на протестите поради смртта на Џорџ Флојд. Американскиот претседател Доналд Трамп навел дека по негово барање во истрагата се вклучиле ФБИ и Министерството за правда. Во близина на местото на протестот бил убиен човек, пренесува “Independent”.
Полицијата кон демонстрантите испалила солзавец на протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.
“Reuters” наведува дека протестите проследени со вандализам и грабежи почнале неколку часа откако градоначалникот на градот, Џејкоб Фреј, го повикал обвинителот да поднесе кривична пријава против полицаецот кој при приведувањето со колено го притиснал вратот на Флод, по што тој починал.
currently Minneapolis atm….. holy fucken shit 😲😲 #Minneapolis #GeorgeFloyd #Minneapolisriots 😖 pic.twitter.com/CsHu6hPdYE
— gi$elle 🦇 (@2playakidd) May 28, 2020
Стотина демонстранти, многумина со покриени лица, се собрале на улиците околу третата полициска станица доцна во средата, на неколку метри од местото каде Флојд бил уапсен, извикувајќи: “Нема правда, нема мир” и “Не можам да дишам”.
Како што минувала ноќта, бројот на демонстранти се зголемувал. Тие се собрале пред станицата, а полицијата направила барикади. Полицајците стоеле на крововите, а користеле и гумени куршуми, солзавец и топовски удари.
The Number Police Officers Defending a Cold Blooded Killer Is ShockingYet Not Surprising, after all “THIS IS AMERICA” #GeorgeFloyd #icantbreathe #racism #JusticeForGeorgeFloyd #JusticeForFloyd #BlackLivesMatters #BlackLivesMatter pic.twitter.com/Z1shlD2RQw
— Jerome ✨ (@jeromeGH_) May 28, 2020
Демонстрантите кон полицијата фрлале со камења и канистери со бензин. “Reuters” наведува дека на телевизиските снимки може да се види и дека демонстрантите ограбувале продавници.
“Independent” пренесува дека еден човек бил убиен во близина на местото на протестот. Според наводите на тој весник, човекот бил пронајден како лежи на тротоар со прострелна рана и дека починал во болница. Осомничениот за убиството е уапсен.
#GeorgeFloyd #BlackLivesMatter pic.twitter.com/AjrUath1vs
— Fabian Eberhard (@FabianEberhard) May 27, 2020
Портпаролот на полицијата на прес-конференција навел дека полицијата истражува дали убиството го извршил сопственик на продавница, но дека истрагата е на почетокот.
Поради смртта на Џорџ Флојд, американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека на негово барање во истрагата се вклучиле ФБИ и Министерството за правда.
Minneapolis is still burning. #MinneapolisRiots #GeorgeFloyd pic.twitter.com/PBh8uFeX3Q
— Jake Morphonios (@morphonios) May 28, 2020
“Барав да се забрза оваа истрага и многу ја ценам работата која ја врши локалната полиција. Моето срце е со семејството и пријателите на Џорџ. Правдата ќе биде задоволена”, напишал Трамп на Твитер.
At my request, the FBI and the Department of Justice are already well into an investigation as to the very sad and tragic death in Minnesota of George Floyd….
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 27, 2020