Министер „нападнат“ поради тоа што јадел во популарниот ресторан на Salt Bae: „Јадеш во најскапиот ресторан во Лондон, а просечната плата на граѓаните е 150 долари“

414

Виетнамскиот министер за јавна безбедност То Лам, вечерал во познатиот лондонски ресторан на готвачот Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae.

Во видеото објавено на Твитер може да се види како го послужуваат министерот, а потоа како рачно го хранат.

Цената на позлатеното месо се движи од 850 до 1500 фунти и тоа без пијалак, и прилог.

Нејасно е колкава била сметката на крајот и кој ја платил истата.

Бројни Виетнамци на Твитер почнале да го напаѓаат министерот поради целата ситуација.

„Виетнамскиот министер го посетил најскапиот ресторан во Лондон каде една порција чини до 918 долари. Просечниот приход во Виетнам е 150 долари месечно. Дали некој е изненаден?“.

„Ова само покажува колку човештвото стана себично. Себичност, корупција, фалење… Сè во едно видео“.