Министерот Спасовски хоспитализиран поради висока температура

559

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура, потврдуваат од МВР за ТВ21.

Од таму велат дека Спасовски се наоѓа во стабилна состојба.

За потсетување, министерот во понеделникот доцна навечер на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирус.