Мерните инструменти на апликацијата “Мој Воздух”, преку која може да се информираме за квалитетот на воздухот во нашата земја, викендов покажуваа енормна загаденост на воздухот во скопската општина Ѓорче Петров.
Додека Скопјани се загрижени, Министерството за животна средина и просторно планирање ги демантираше ваквите информации, со образложение дека во оваа општина воопшто и нема поставено мерна станица.
Изминатиов период меѓународните организации задолжени за следење на квалитетот на воздухот во светот ја ставија Македонија на врвот по загаденост. Макрдули вели дека во борбата за надминување на ваквата состојба треба да се вклучат сите засегнати страни.
Од ВМРО обвинуваат дека воздухот во Македонија е загаден како никогаш досега, а властите не преземаат ништо да се подобри состојбата.
Светската здрваствена организација, но и Европската агенција за животна средина ја рангираа Македонија на првото место на листата како земја со најзагаден воздух во Европа. Градот Тетово пак се најде меѓу 10те евроспки градови со најголема концентрација на токсични ПМ 10 честички во воздухот.