Мириса ли ова на некаков проблем!? Кина го зголемува воениот буџет: 117 милијарди ќе вложат во модернизација на вооружување и засилување на вооружените сили

813

Кина објавила дека ќе го зголеми воениот буџет за 7,5 проценти и тој оваа година ќе изнесува 177,6 милијарди долари, со цел модернизација на опремата и проширување на военото присуство во странство.

Ова е помало зголемување од минатата година, со оглед на тоа дека кинеската економија е под притисок на трговската војна со САД и растот на државниот долг. Меѓутоа, и оваа цифра е над планираниот економски раст во земјата, од 6 до 6,5 проценти. Тензиите со Тајван и територијалните спорови во Јужното Кинеско море се главни приоритети на Пекинг.

Кинескиот премиер Ли Кечанг предупредил на отворањето на годишното заседание на парламентот дека Кина “одлучно ќе се спротивстави на сите сепаратистички активности кои бараат независност на Тајван”. Кина наводно гради и свој трет носач на авиони, ја модернизира и шири морнарицата, но ги милитаризира и островите во спорните подрачја во Јужното Кинеско море.

Пекинг исто така ја создал својата прва прекуморска воена база, во Џибути на Црвеното море, а наводно планира да изгради и поморска база во близина на големите пакистански пристаништа. Кинескиот претседател Кси Џинпинг ја предводи модернизацијата на војската со цел Народноослободителната војска ја претвори една од најмодерните борбени сили.

Кинескиот воен буџет, втор по големина во светот, уште е само дел од американскиот планиран воен буџет од 750 милијарди долари оваа година. Сепак, аналитичарите сметаат дека реалното кинеско издвојување за одбрана е многу поголемо од 177,6 милијарди, бидејќи таа проекција не вклучува операции кои финансираат разни други државни отсеци.