Мирно си ловел риби, а потоа фатил нешто огромно: За малку ќе го повлекла во морето, но тој не се откажал! Кога успеал да ја фати, направил нешто неверојатно!

980

Џон Висдом од Флорида, ловел риби со својата сопруга кога нешто огромно се фатило за неговата јадица.

Јадицата не ја испуштал од раце, но не знаел за што се работи. Изгледало дека ловот бил огромен, бидејќи му била потребна голема сила за да се избори со него.

Трчал по мостот што го поврзува островот Санибел со Флорида, а другите рибари можеле само да му се тргнат од патот.

Иако во секој момент можел да падне во водата, сепак не се откажал. Набрзо и рибата се изморила, па Џон морал да ја повлече на брегот, а потоа скокнал во плиткото да види што уловил.

Се испоставило дека станува збор за сребрен кралски трапон. Трапонот не само што е една од најстарите риби во океанот, туку од него се заработуваат милијарди долари годишно во спортскиот и туристичкиот риболов.

Џон секако се фотографирал за спомен, а потоа ја ослободил рибата и ја вратил назад во морето.

Многумина го поздравиле неговиот потег, а други истакнале дека тој сепак ја повредил рибата, бидејќи била прободена со јадицата. Трети пак не биле толку строги.

„Противзаконски е да ја ловите оваа риба и да ја користите за јадење, а Џон секако не се надевал дека токму неа ќе ја улови“, гласел еден коментар.

„Што, ја пуштил?! Па таа можела да биде вечера за целото семејство во наредната недела“, се пошегувал еден Американец.

Инаку, од брегот во Флорида, каде често се сретнуваат, овие риби можат да патуваат дури 2.000 километри северно од брегот на САД – или на југ до мексиканскиот залив или во Централна и Јужна Америка.