Мирослав Радман: Короната е слична на сидата. Не може да се лекува со вакцина!?

500

Светски познатиот хрватски молекуларен биолог Мирослав Радман, кој вчера беше одликуван како Витез на националниот ред на легијата на честа на Франција, рече дека во потрагата по третман на коронавирус, треба да се бараат стратегии кои не се базираат на вакцини, туку, како во случајот на СИДА, на лекови.

Ќе треба да почекаме и да видиме дали природните промени и мутациите во коронавирусот се близу до оние на вирусот СИДА. Дали тоа ќе биде бариера? Да тоа може да биде бариера, ние имаме 40 години борба против сидата и вакцината никогаш не беше најдена, бидејќи принципот на вакцина е да се стимулира синтезата на едно антитело кое ефикасно ќе го неутрализира вирусот. Но, што ако вирусот се промени а вакцината не се промени? Вакцината создава еден вид на антитела, а не друг, а кога тоа ќе се промаши, тогаш се е промашено.

Значи, треба да се оди на стратегии кои не се засноваат на вакцина туку, како во случајот на СИДА, на два или три различни лекови кои го отрујат вирусот, но не како антитела, туку едноставно на две или три места хемиски го трујат вирусот, а потоа вирусот станува импотентен, повеќе не е ефикасен како вирус, а тоа е веќе доволно, го објасни Радман своето стојалиште.

Во Хрватска, како и во повеќето земји во светот, годишно умира околу еден процент од населението, а исто толку се раѓаат.

Годишно во Хрватска умираат околу 50.000 луѓе, што е нешто повеќе од еден процент. Кога на тоа ќе додадеме околу 300 смртни случаи од Ковид, тоа се 50.000 плус 300. Зошто сме толку возбудени? Бидејќи зумот е на грозната смрт на постарите луѓе поради ковидот. Ајде да зумираме на хемотерапија, канцер, вклучително и за стари лица, и тоа изгледа лошо, ако не изгледаше лошо тие не би умреле, рече Радман.

Тука би го поставил прашањето, зошто се 300 смртни случаи поважни од 50.000 смртни случаи? Некои ќе одговорат затоа што се плашам дека 300 нема да станат 30 000 или 300 000, рече Радман

Тој додаде дека се залага за здрав разум, што, според него, го нема доволно дури и во најразвиените земји.

Здравиот разум опаѓа, бидејќи ако не опаѓаше, немаше да се справиме толку лошо со релативно банален проблем на инфективни болести кои беа далеку полоши во минатото, заклучи Радман.