Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави протестот за утре во 18.30 часот кој ќе започне од пред Министерството за правда,во 18.30 и ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.
ВМРО-ДПМНЕ за вторник најави протест кој за тема ги има македонско-бугарските преговори околу историските вистини. Протестот ќе започне од пред Министерството за правда,во 18.30 и ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.
Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски на денешната прес -конференција рече дека ова е мошне чувствителен период и време кога и им треба нашата поддршка на нашите историчари кои се дел од тимовите за преговори за да ја бранат вистината за Гоце Делчев и да не потклекнуваат на трговии и политички притисоци.
– Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чиии постулати почива современата македонска држава.Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Зоран Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци- рече Мисајловски.
Мисјаловски рече и дека во овој период нема никакво поместување на патот кон Европската Унија.
– Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план. Да потсетиме ова е Влада која е спремна да се откаже од се, само за својата лична спас и спасот на неколку кариери на луѓе кои ја водат – рече Мисајловски.
Тој нагласи дека протестот ќе биде мирен од кој се испратат јасни пораки.
– Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, стратешки интерес и бедем на нашето постоење – рече Мисајловски.
Тој информира дека партијата има осзнанија дека на протестот ќе се уфрлат поединци инструирани од власта кои ќе се обидат да го дискредитираат протестот и ВМРО-ДПМНЕ.
– Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес – рече Мисајловски.