Американска подморница со нуклеарен погон удрила во саботата во непознат објект под вода во Јужното Кинеско море, потврдиле две официјални лица на одбраната.
Во несреќата се повредени неколку морнари на бродот УСС Конектикет, рекле претставниците. Ниту една од повредите не била опасна по живот, се наведува во соопштението на Американската Пацифичка флота.
Она што не е јасно е што би можело да има под водата.
A US nuclear-powered submarine struck an object underwater in the South China Sea on Saturday, according to two defense officials. https://t.co/uN00V1kbRn
— CNN (@CNN) October 7, 2021
“Подморницата Seawolf и понатаму е во стабилна и безбдна состојба. Нуклеарната погонска централа и просториите на УСС Конектикет не се оштетени и остануваат целосно оперативни”, се наведува во соопштението.
“Инцидентот ќе биде истражуван”
Американската морнарица не прецизирала дека инцидентот се случил во Јужното Кинеско море, само дека се случило во меѓународни води во индо-пацифичкиот регион.
Несреќата се случила во момент кога тензијата помеѓу Кина и САД расте поради упадот на кинеската војска во тајванската интеграциска зона, ПВО (АДИЗ).
Во саботата 39 кинески воени авиони, вклучувајќи и борбени авиони и транспортни авиони влегле во тајванскиот воздушен простор. Два дена подоцна, Кина испратила 56 авиони во рок од 24 часа.