Мистерија! Дали ова во Невада е паркинг за вонземски летала? Суперхангар сместен во славната област 51! Проектот е откриен поради грешка на интернет

878

Тајниот хангар за вонземски бродови бил откриен во планините околу славната Област 51, тврдат теоретичарите на заговори.

Додека ја проверувал активноста во таа тајна локација на американската војска користејќи “Google Earth”, Тајлер Глокнер забележал нешто бизарно скриено во планините на Невада.

Изгледа дека снимката прикажува три отвори внатре во планината.

Тајлер видеото го објавил на својот ЈуТјуб канал “secureteam10”, каде го споредил наодот со тврдењата на еден од најценетите теоретичари на заговори – Боб Лазар.

Во 1989-та година Боб во изјава за ТВ станица во Лас Вегас тврдел дека на подрачјето 51 се тестираат 9 вселенски бродови.

Леталата биле “камуфлирани во скривница внатре во планината” на некогашното езеро Папус – на истата локација со видео-снимката на Тајлер.

Анализирајќи ги своите откритија Тајлер тврди дека видел “три големи отвори на хангари” за кои се верува дека се простираат со километри во земјата. Потоа се споредува со тврдењата на Лазар од крајот на 80-тите години. “Ова многу потсетува на тоа што Боб го опишал. Ако морам да погодувам, мислам дека ова очигледно е некој таен влез во оваа планина”, вели тој.

Видеото од објавувањето на 12-ти декември имал повеќе 29.000 прегледи.

И гледачите го поздравуваат откритието како неверојатно. Еден скептик сепак пишува: “Утре сликите ќе бидат избришани од “Google Earth””.

“Тука има премногу случајности за да се сметаат за случајности”, се наведува во друг коментар.