Станува збор за камен со должина од 15 центиметри кој на себе има неколку дупки, а кога фотографијата ќе се зголеми се забележуваат точки кои што не изгледаат како да се од природно потекло.
Роверот „Истрајност“ испрати повеќе фотографии од Марс, а на една од нив воочен е зелен камен на кој што се забележуваат дупки. Роверот со помош на ласер ќе се обиде да го истражи потеклото на овој камен и како истиот стигнал во кратерот Језеро.
Инаку роверот на NASA наскоро ќе има свој „соработник“, хеликоптерот „Генијалност“ кој што ќе го изведе првиот лет на друга планета кој што не е наменет за меѓупланетарни летови.
Во меѓувреме инструменти на роверот снимиле и истражуваат необичен зелен камен на тлото на Црвената планета, а експертите од NASA имаат повеќе хипотези за него, пренесува магазинот „Science“.
While the helicopter is getting ready, I can’t help checking out nearby rocks. This odd one has my science team trading lots of hypotheses.
It’s about 6 inches (15 cm) long. If you look closely, you might spot the row of laser marks where I zapped it to learn more. pic.twitter.com/sq4ecvqsOu
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) March 31, 2021
„Дали тоа е камен оштетен при временски непогоди? Или можеби парче кое што стигнало на подрачјето каде што е сега по некој далечен судир со некое небесно тело? Дали станува збор за метеорит? Или пак е нешто друго?“, се запрашале научниците на Твитер профилот од роверот.
Од NASA наведуваат дека каменот ќе го истражуваат со помош на ласер кој што е дел од инструментите на роверот за испитување на карпите и тлото.
Научниците истакнуваат дека ласерските испитувања би можеле да одгатнат дали необичниот камен настанал на местото на кое што е најден или пак на некој друг начин стигнал на локацијата на која моментално се наоѓа.
Доколку не настанал на местото на кое што е снимен, постои можност да го донела вода во кратерот Језеро или пак станува збор за метеорит.
Инаку, ласерот на роверот работи така што ја погодува карпата на оддалеченост од седум метри, а потоа создава облак од испарување кој што го анализираат камерата и спектометрите на роверот.