Иако на почетокот веднаш беше соопштено дека украинскиот патнички авион вчера се сруши поради технички проблем со еден од моторите, украинската амбасада го повлече соопштението, нагласувајќи дека причините „се истражуваат“.
Поради тоа, сѐ повеќе растат сомнежите дека украинскиот патнички авион на авиокомпанијата Ukraine International Airlines, кој вчера се сруши со 176 патници и членови на екипажот, всушност бил погоден од ракетата.
Украинската амбасада во Техеран веднаш по рушењето на авионот соопшти дека авионот паднал поради технички проблеми со еден од моторите, за подоцна во текот на денот соопштението да биде повлечено со нагласување дека „причините за падот се истражуваат“.
Групата за следење на ризикот во воздушниот сообраќај “OPS” препорачува почетната претпоставка да биде дека авионот е соборен, се додека нема јасни докази за спротивното.
Од “OPS” објавија и фотографии за кои тврдат дека на остатоците од едно од крилата на срушениот „Боинг 737“ можат да се видат дупки кои се настанати од експлозија на проектил.
Украинската авиокомпанија во чија што сопственост бил авионот исто така ја отфрли можноста за технички проблеми на авионот. Од таму инсистираат дека авионот кој инаку бил стар само три години, ги минал редовните технички прегледи само два дена пред несреќата.
За сомнежите да продолжат да растат се погрижија и иранските власти кои соопштија дека податоците од двете црни кутии нема да им ги предадат на производтелот – американски „Боинг“.
Не пропуштајте: Се појави видео од падот на украинскиот авион: На небото се појави огнена топка, а потоа…
Инаку, украинскиот патнички авион полета вчера од аеродромот Имам Хомеини кон Киев, а се сруши само неколку минути по полетувањето. На интернет веднаш се појавија и видеа на кои може да се види како паѓа запаленото летало.