Ракетата која што синоќа се сруши на северниот дел од Кипар е од руско производство, која што била лансирана од страна на сириската против-воздушна одбрана за време на воздушниот напад на израелските авиони.
Да потсетиме, неидентификуван летечки објект се сруши и експлодираше на територијата на Северен Кипар и ги вознемири граѓаните, а ова го потврдија и локалните власти, кои долго време не знаеа за што станува збор.
Најпрвин во кипарските медиуми се појави информација за срушен израелски авион, кој бил погоден за време на синоќешниот напад на израелското воено воздухоппловство на Сирија, но сепак станува збор за ракета.
Имено, како што пренесуваат тамошните медиуми, станува збор за ракета на сириската против-воздушна одбрана од руско производство, која што откако не ја погодила целта, залутала и се срушила на Кипар.
#UPDATE: Reported video of large fires and debris seen at location of crash site near Kibris in northern Cyprus pic.twitter.com/YuEDc7rNKl
— ELINT News (@ELINTNews) July 1, 2019