Мистериозна смрт на висок руски службеник: Велат дека хеликоптерот му се урнал поради лошо време, но новинарите тврдат нешто друго…

974

58-годишниот Сак Карапетјан, еден од највисоките руски службеници, загинал во хеликоптерска несреќа која го привлекла вниманието на домашните и странските медиуми, а според некои наводи, во неговото тело имало два куршума.

Додека официјалната верзија вели дека се работело за несреќа, овие наводи ги засилуваат шпекулациите дека бил ликвидиран. Една верзија вели дека хеликоптерот бил пренатрупан, па поради разни проблеми се урнал кога летал меѓу дрвја.

Во несреќата загинале и роднината на Картпетјан, Арег Арутјунјан, пилотот Станислав Микнов и уште еден патник, Виктор Коптев.

Меѓутоа, московскиот новинар Сергеј Доренко ја обвинил власта дека ја прикрива вистината за овој случај.

“Јас верувам дека пилотот бил добар и дека не ги допрел дрвјата. Воопшто не полетале. Застрелан бил со два куршума во грб пред ова”, уверен е новинарот.

Како што се наведува, Карапетјан со роднината заминал со хеликоптер на лов. Меѓутоа, бидејќи времето било многу лошо, се спуштиле во близина на едно село. Повикале автомобил да дојде по нив, а попатно го запознале мештанот Виктор Коптев, кој се понудил да ги однесе по пократкиот пат со автомобил. Тогаш наводно и се случил инцидентот. Влегле во хеликоптерот, а еден селанец рекол дека слушнал кршење на гранки и експлозија.

Инаку, Карапетјан бил заменик главен обвинител во Русија и близок соработник на претседателот Владимир Путин.

Несреќата за која многумина веруваат дека не била случајна, се случила неколку часа откако холандските власти ја открила приказната за четворицата руски хакери, припадници на ГРУ, кои биле протерани поради обид за упад во системот на Светската организација за спречување на хемиско оружје. За ситуацијата да биде уште поинтригантна, Карапетјан работел на многу важни случаи.

Тој водел истрага за обидот за ликвидација на Сергеј Скрипал, поранешен двоен агент кој бил отруен со отровот новичок.

Ја истражувал и смртта на милијардерот Борис Березовски, противник на Путин кој побегнал во Лондон, како и труењето на Александар Литвиненко, поранешен агент на ФСБ, кој во британската престолнина бил отруен со радиоактивен полониум.

Анонимен инсајдер на Телеграм, апликација за размена на пораки заштитени од следење, изнел интересна теза за смртта на Карапетјан:

“Смртта на Сак Карапетјан ќе го сопре протекувањето на доверливи информации од Русија на Западот. Посебно ќе бидат погодени тајните служби на САД, Велика Британија и Швајцарија, а ќе сопрат и нападите на Николај Патрушев, шефот на советот за безбедност на Путин”, навел корисник чиј ник е NeZygar на својот блог кој има 93.000 претплатници и кој важи за многу информиран инсајдер во руските безбедносни кругови.

Хеликоптерот бил управуван од искусниот пилот Станислав Микнов. Истражниот комитет отворил истрага за случајот.