Мистериозниот брод на Тито – еден ден исчезнал од радарот, потрагата по него сè уште трае

680

Овој брод со децении е мистерија, а истиот е изграден во Југославија, и тоа на бродоградилиштето каде што, како што се претпоставува некогаш работел Тито.

Станува збор за бродот „Љубов орлова“, кој што бил поклонет на СССР.

Активно пловел од 1976-та година, кога бил направен во Југославија, до 1999-та година и бил во состав на руската источна флота, потоа бил продаден на малтешката компанија која што го користела за крстарење по Арктикот.

Кога сопствениците во 2010-та година поради скандал од долгови, не можеле да го платат екипажот, така тој останал напуштен во некое канадско пристаниште.

Во 2012-та година компанијата се обидеал да го продаде за 600.000 фунти, како старо железо, но бродот на пат до Доминиканската Република го зафатило невреме. Се откинал од ланецот за кој што бил врзан додека го пренесувале и исчезнал.

Се верувало дека во февруари, не го регистрирала Националната агенција од САД. Експертите тврдат дека бродот кој неконтролираното море го однел се приближил до крајбрежјето на Велика Британија, или кај Шкотска или Ирска.

На 12-ти и 23-ти март 2013-та година два сигнали, најверојатно од чамците за спасување кои што паднале во водата биле забележани и според нив се утврдило дека бродот поминал дури три четвртини од Атлантикот и заминал на исток.

„Изминатите месеци имаше многу бури и невремиња, но таков брод да потоне потребна е голема сила“ – тврди Крис Рејнолдс.

„Сигурен сум дека плови некаде таму. Мора да е преполн со глувци, а доколку влезам во него сите ќе ги убијам“ – вели холандскиот ловец на бродови Пим де Родес.

До денес ништо не се знае за бродот, веројатно потонал некаде во Атлантскиот океан