Митко: За жал мама не ја бива, ја носиме за Скопје, немам скршен денар во џебот – доколку сакате помогнете

976

Митко Гогов од Струмица вчера нешто после полноќ на својот профил на фејсбук сподели дека неговата мајка е хоспитализирана:

Испраќајте позитивни мисли за мајка ми, само што ја примија итно во болница, долга ноќ. Во меѓувреме денес негде околу пладне објави уште еден пост во кој информира дека му е потребна помош за својата мајка:

За жал мама не ја бива, ја носиме итно со амбулантно возило за Скопје, доколку сакате да помогнете, ова е начинот… извинете на грубоста со која споделувам, но не гледам друг начин кога немам скршен денар во џебот.

На Митко му е потребна нашата помош, па искрено се надеваме дека добри и хумани луѓе ќе му помогнат.