Младата француска ѕвезда пред премин во голем клуб

583

Младата француска ѕвезда, Аурелиен Чоуамени го привлече вниманието на фудбалската јавност со својата зрела игра во дресот на Монако.

22-годишниот играч од средниот ред веќе одреден период е мета на најголемите клубови. Штотуку стигна информација кој од великаните е најконкретен во понудата. Финалистите во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Ливерпул во моментов претставуваат најсериозни кандидати за неговиот потпис.

Се работи за еден од најмладите дебитанти во дресот на “триколорите”. Веќе има 8 настапи за сениорската репрезентација и еден погодок. Договорот на Чоуамени со Монако е во важност до 2024-та година. Доколку некој е спремен да го откупи ќе мора да започне со наддавање од вртоглави 70 милиони евра.

Димитар Младеновски