Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ го осудува говорот на омраза кон докторите на денешниот протест против новите мерки.
Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица, велат од АСМЛ.
Демонстрантите на протестот пред Собранието против вакцинацијата и новите мерки, докторите ги карактеризираа како убијци, а пак, новинарите, според нив, се платеници.