Многумина не знаеја дека Марадона има Балканско потекло

564

Дефинитивно тековната 2020 години ќе сакаме што побргу да ја заборавими со оглед на тоа што ни зеде многу познати личности, а последна во низа е славниот аргентински фудбалер, еден од најдобрите во историјата Диего Армандо Марадона.

Неговиот прадедо од мајчина страна, Матео Кариолиќ, бил роден на Корчула, Далмација (денес во Хрватска, а тогаш веројатно во Австриската Империја) и емигрирал во Аргентина, каде била родена неговата баба Салвадора.

Салвадора ја крстила својата ќерка Далма по хрватскиот регион (Далмација), по кого Марадона ја крстил неговата најстара ќерка.

Марадона беше во брак со неговата сопруга Клаудија Вилафане од 7 ноември 1989 во Буенос Аирес, а та му ги роди нивните ќерки, Далма Нереа и Џианина Динора, од која има и внуци. Во својата автобиографија, Марадона признава дека не бил секогаш верен на Клаудија, иако ја опишува како љубовта на неговиот живот.

За потсетување Диего Марадона на почетокот на месецот заврши во Ла Плата, каде што му беше извршена операција во мозокот по откриен хематом.

Постоеше страв дека фудбалската икона на Аргентина ќе ја загуби животнат битка, но докторот кој ја изврши операцијата, Леополдо Луке, потврди добри вести тогаш:

„Диего е добро расположен, може да разговара, а веќе се движи низ ходниците во болницата. Закрепнувањето се одвива според планот, резултатите од последните тестови се одлични и многу сме среќни што сè помина во најдобар ред.

Тој сакаше да си оди дома веднаш по операцијата, но го убедивме да остане уште неколку дена во болницата поради превентивни мерки.

Деноноќно ја следиме неговата ситуација и можам да потврдам дека наскоро ќе биде пуштен во домашно лекување, од каде што ќе продолжиме да го третираме“, истакна Луке во таа прилика.

Аргентинскиот медиуми „Кларин“ попладнево објави дека ненадејно поч ина легендарниот Диего Армандо Марадона, како последица на срцев удар во неговиот дом. Аргентинскиот генијалец почина во 60-тата година и ја остави нацијата облеана во тага.

Марадона, кој имаше проблеми со пороци, преживеа два инфаркти и се разболе од хепатитис. Во 2005 година му беше направена операција на желудочен бајпас, по што загуби 50 килограми и го направи склон кон анемија.

Фудбалските фанатици ширум светот, а особено во Аргентина во неверување ја примија веста за заминувањето на еден од најголемите во фубалот.