МНР апелира да не се патува во регионот на пожарите околу Атина

942

Министерството за надворешни работи соопшти дека досега немаат барања за помош од македонски граѓани за  пожарите во Грција и им препорачува на државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите во областа на  Атика во околината на Атина.

– Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско-конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба, наведува МНР.

Контакт-телефонот на Дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.