Модерна дама со стил: Јована Стојменовиќ покажа од кого ја наследила убавината (фото)

608

Водителката Јована Стојменовиќ имате прилика секој ден да ја гледате во утринската програма „Ја сакам Македонија“.

Професионална, средена, расположена секогаш подготвена да ги води гледачите низ содржините на актуелните случувања.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЈОВАНАСТОЈМЕНОВИЌ

Јована важи за вистинска дама, а освен на ТВ екраните некогаш имаме прилика да ја видиме и на модните писти, љубов која остана перманентна кај неа.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ЈОВАНАСТОЈМЕНОВИЌ

Водителката, како и многумина има свои профили на социјалните мрежи, а нејзините објави најчесто се поврзани со нејзината професија.

Меѓутоа, Јована некогаш знае да направи исклучок и да сподели фотографија од своите родители.

Така беше и овој пат, кога на својот „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка.Имено, двете дами позираат дотерени и средени, па не знае која од која е поубава.

Мајката на Јована е права дама, а нема сомнеж дека водителката од неа ја наследила убавината.

„Среќен роденден мама“, напиша Стојменовиќ покрај објавата.